Адвокатската заедница Битола, како и секоја година традиционално, денес, со полагање на цвеќе на бистите пред Апелационит суд на Јосиф Христовски – Ѕвончаро и Коле Канински го одбележаа Денот на Македонската адвокатура, 16 јуни.
Претседателот на здружението на адвокатите од Битола, Никола Главинче при полагањето на цвеќето и одбележувањето на денот рече:
-Традиционално, но оваа година во помал број, симболично, поради препораките, адвокатите од Битола со полагање на свежо цвеќе го одбележуваат 16 јуни, денот на Македонската адвокатура, ден кога пред 75 години, односно во 1945 година, се основа, тогаш Скопска адвокатска комора со надлежност на териротијата на цела држава. Ние се поклонуваме пред бистите на двајцата првоборци Јосиф Христовски – Ѕвончаро и Коле Канински. Поклонувајќи се пред нив се поклонуваме пред нивната жртва да го дадат својот живот за нашата слобода, а нивните идеали да ги реализираме во една слободна држава, каде ќе се применува законот. Но оддаваме и почит кон сите кои вршеле адвокатска дејност кои не со нас, доајените на битолската и македонската адвокатура, кои допродонесле за развој на адвокатурата. Сите имале имале исти идеали, да се почитуваат принципите на правда, еднаквост и правичност. Се уште се слуша нивното ехо, но не се почитуваат нивните пораки, но ние како адвокати од Битола, се надеваме дека и за нас кои сега сме адвокати, по 50 или 100 години ќе се сети на нашето сегашно дело.
Од вкупно 38 адвокати запишани во Именикот на адвокатите за 1945 и 1946 година, во Битола адвокатски канцеларии отвориле вкупно 10, потсети Никола Главинче, кој зборуваше и за хронолигијата на адвокатурата по Втората светска војна.
Коле Канински (1914-1944) по дипломирањето на Правниот факултет во Белград бил адвокатски приправник кај адвокат Воислав Протиќ, а потоа и кај адвокат Александар Костиќ, а Јосиф Христовски – Ѕвончаро (1914-1942) бил студент на Правниот факултет во Белград и учесник во НОБ.
Бистите на првоборците и адвокатски приправници, донирани од Адвокатската комора на градот Битола во 1981 година и тоа Јосиф Христовски – Ѕвончаро и Коле Канински пред Апелациониот суд Битола.
Оваа активност традиционално полгање на цвеќе на бистите битолските адвокати ја практикуваат од 1981 година без прекин.
С.Р.






