Денес, четврток, 18 јуни, временската прогноза на мереоролозите на Управа за хидрометеоролошки работи, за Битола, гласи дека ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Повремено ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. УВ=7. Темпрературата во Битола ќе достигне до 25°С.
За утре, петок, 19 јуни, во Битола ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7, прогнозираат мереоролозите на Управа за хидрометеоролошки работи. Темпрературата во Битола иста како денес, до 25°С.






