Јавното претријатие “Стрежево“ од Битола, набави современ локатор (радар) за лоцирање на подземна инсталација со GPR сигнали, а набавката е извршена со сопствени средства. Со овај локатор ќе се лоцираат сите подземни инфраструктурни инсталации (бетонски канали, железни и ПВЦ цевки и секаков вид на кабли) со GPR сигнали и широк спектар на бранови.
Се изврши и обука на стручниот кадар од претпријатието во која беа вклучени градежни инжинери, IT инжинери, машински и електротехнички инжинери и техничари од овие области. Со набавката на ова основно средство за работа навремено, брзо и точно ќе се лоцираат цевките од деталната цевководна мрежа, подземните бетонски канали и енергетските и сигналните кабли од постројките во претпријатието, а ЈП “Стрежево“ од Битола со оваа нова инвестоција продолжува да вложува во современа технологија.

“Стрежево“ со радар, со GPR сигнали, ги лоцира подземните инсталации
More from ВестиMore posts in Вести »
- Драмата – печалбари прикажана во Сиднеј
- Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 25 степени
- Билтен на МВР: кривична за “даночно затајување“, тешко повреден моторциклист откако удрил во заштитна ограда
- Акумулацијата “Стрежево” порибена со 250 килограми крап (фотогалерија)
- СВР Битола: приведувања за напад врз син, сопруга и брат, и за возење без возачка





