Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: сообраќајка на патот кај Крстоар, возачот на “пежо 407“ тешко повреден

На 19.06.2020 во 21,09 часот на пат Битола-Драгош, кај месноста викана “Гулејца“  пред село Крстоар, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “пежо 407“ со шведски национални ознаки управувано од 43 годишен жител на село Бистрица битолско, и патничко моторно возило “фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 30 годишник од село Сопот, кавадаречко.

По незгодата учесниците се пренесени во Клиничката болница Битола каде што на возачот на “пежото“ му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »