Денес во Битола, претставници од здружението на пчелари „Нектар“ – Битола на посебна средба со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка ов земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски и раководителот на подрачната единица на МЗШВ во Битола, Методија Илиевски се запознаа за новиот повик за мерка “121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“ од програмата за Рурален развој.
-Сите кои во период од 1 октомври до 31 декември 2019 година набавиле пчелни матици од одобрени одгледувалишта ќе може да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку мерката „121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“ од програмата за Рурален развој. Право на аплицирање за добивање на оваа финансиска поддршка имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој, рече Никола Бабовски.

Битолските пчелари се информираа за новите мерки за добивање на финансиска поддршка (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Драмата – печалбари прикажана во Сиднеј
- Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 25 степени
- Билтен на МВР: кривична за “даночно затајување“, тешко повреден моторциклист откако удрил во заштитна ограда
- Акумулацијата “Стрежево” порибена со 250 килограми крап (фотогалерија)
- СВР Битола: приведувања за напад врз син, сопруга и брат, и за возење без возачка





