Радмила Шеќеринска носител на пратеничката листа на СДСМ во петтата изборна единица на престојните парламентарни избори, беше во Битола и заедно со кандидатите на листата Горан Козаров, Бисера Костадиновска Стојчевска и Петар Николовски, како и со претседателот на СДСМ-Битола, Златко Чурчиевски и секретарот Жаклина Наумовска остварија средби со граѓани го посети и Здружението на пензионери во Битола.
На состанокот на Извршниот одбор на пензионерите беше информирана за мерките што се преземаат за заштита и помош на членовите на Здружението на пензионери во Битола. Шеќеринска пред членовите на Извршниот одбор на Здружението на пензионери рече дека Владата расправала за донесување мерки за доделување на средства на највозрасните граѓани на нашата земја и се интересираше за нивната здравствена и социјална положба.
Како и и останатите градови низ државата и во Битола, денес на пладне, на неколку штандови се одржа промоција на на програмата за “Обнова на Македонија“.
На промоцијата во Битола присутен беше присутен и носителот на листата во петтата изборна единица Игор Дурловски, кој со претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Иванчо Тошевски и членот на Извршниот комитет Силвана Агелевска и кандидатите за пратеници Огла Лозановска и Бојан Бојковски по промоцијата имаа средби со граѓани и прошетка по Широк Сокак.

Носителите на листите во “петката“ во Битола, Шеќеринска на средби со граѓани, Дурловски на промоција на програмата
More from ВестиMore posts in Вести »
- В недела дел од “Булеварот“ ќе биде затворен за сообраќај заради интервенција на канализационата мрежа
- “Генералка Викенд“ од 8 до 10 мај и во Општина Битола
- Борче Даскаловски – тренер на Пелистер од Битола – “пет од пет“ очекувано во плеј-офот, во полуфиналето секој играч да биде подреден на тимот
- Одлични резултати на студентите од УКЛО Битола на Универзитетските првенства (фото)
- Денес е ден на Св. Георгиј кој ја убил ламјата, ден на обновувањето на природата и животот





