За денес, недела, 21 јуни, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето во Битола, претпладне ќе биде сончево со умерена променлива облачност, а попладне и особено во планинските региони ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. УВ=7. Температурата во Битола до 21 степен.
За утре за почетокот на идната седмица, понеделник, 22 јуни, прогнозите за времето во Битола се дека ќе биде променливо облачно и попладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=6. Температурата во Битола до 21 степен.
Условите за нестабилност во средината на работната недела ќе се намалат.






