Press "Enter" to skip to content

За 24 часа 776 тестирања, 101 нов случај, во Битола два нови ковид случаи

Според информациите на Министерството за здравство објавени на нивната офоцијална “фејс бук“ страница, во последните 24 часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19. Во Битола во изминатото деноноќие има два нови случаи на заразени со корома вирус.

По градови, денес, недела најповеќе случаи има во Скопје 57, а следуваат Куманово 13, Дебар 1, Штип 3, Тетово 19, Струга 1, Велес 1, Битола 2, Охрид 1,  Гостивар 1 и Ресен 2.

Починати се 5 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти Скопје 11, Тетово 10 и Велес 1.

Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.106, бројката на оздравени пациенти е 1.926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.942.

More from ВестиMore posts in Вести »