Според денешните информации на Министерството за здравство објавени на нивната“фејс бук“ страница во последните 24 часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19. Во Битола и денес како во претходните неколку дена има два нови случаи.
По градови Скопје 57, Куманово 13, Дебар 1, Штип 3, Тетово 19, Струга 1, Велес 1, Битола 2, Охрид 1, Гостивар 1 и Ресен 2.
Починати се 5 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти од кои во Скопје 11, Тетово 10 и Велес 1.
Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.106, бројката на оздравени пациенти е 1.926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.942.






