По неколку одлагања поради воведените вонредни мерки и полицискиот час за скопските општина се одржа првата трка во Шамионатот на Македонија за мото-крос, на патеката “Орман“, а на стартот се појави и Зоран Каранфиловски од Битола, кој се натпреварува за мото-клубот Мотори МК.
Во категоријата МХ убедливо прв беше нашиот сограѓанин Зоран Каранфиловски – Ќаме кој на двете трки беше прв, а потоа и го генерален пласман, со што ги прокнижи првите бодови во годинашниот шампионат.
-Имавме голема пауза поради состојбите и по одлагањето се одржаа долго очекувата трка во Орман. Имам солидно подготвен моторцикл за кој тешко стигнаа деловите за ремонт до Битола за што зборувавме претходно, добро сум подготвен, имав одлични тренизни во Битола и на патеката кај Смолево, а потоа на трката немав проблеми на двете трки на кои бев првопласиран, вели Кранфиловски.
Каранфиловски со нетрпение го очекува и меѓународниот календар за “BMU motocross“ каде ќе се натпреварува оваа сезона, а и новите датуми за трките во Бугарија и Турција кои беа одложени.

Зоран Каранфиловски – Ќаме прв во мото-крос на трката “Орман“ во МХ (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Лино Червар по поразот: немавме решени за нивната игра, примивме лесни голови, а паднавме без “испукан куршум“
- Пораз на Еурофарм Пелистер во Битола во 1. коло од Лига Европа, а се беше подготвено за успех (фотогалерија)
- Зелен тепих, роденденска торта, нови членски, фан зона за осмиот играч “Чкембари“ (фото)
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!





