Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: опожарена куќа и автомобил, кривична за силување и обљуба врз малолетничка

На 24.06.2020 околу 01,30 часот во СВР Битола, било пријавено дека на ул.„Караорман“ во населба “Баир“, Битола настанал пожар при што целосно била опожарена куќа. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Битола. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

На 24.06.2020 во 03,30 часот во СВР Битола, е пријавено дека дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, во негова сопственост. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

СВР Битола поднесе кривична пријава против 49 годишен битолчанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “силување“. На 23.04.2020 пријавениот во соба во хотел во Битола, извршил обљуба над 44 годишна битолчанка.    

На 23.06.2020 во СВР Битола, лекар од детското одделение при Клиничка болница Битола пријавил дека кај нив било донесено 13 – годишно девојче од битолско село, кое изјавило дека истиот ден нејзиниот стрико ја допирал по интимните делови на телото. На 24.06.2020, по извршени проверки, а во врска со пријавата, во 02.30 часот во СВР Битола лишен е од слобода 37 годишник од битолско село и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »