Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: денес во Битола сончево и потопло со можен дожд попладне

Денес четврток, 25 јуни, метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи за Битола, прогнозираат сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. УВ=8. Температурата во Битола до 26°С.

За утре, петок, 26 јуни, во Битола, метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи прогнозираат сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. УВ=8. Температурата во Битола до 27°С.

More from ВестиMore posts in Вести »