Press "Enter" to skip to content

Фондацијата “Тома Фила“ го објави конкурсот за стипендија за студент од Правен од Битола

Фондацијата “Тома Фила“ и оваа година врз основа на Одлуката на Одборот на Фондацијата го објави конкурсот за доделување на стипендија на еден талентиран студент од Правниот факултет од Битола, во вредност од 10.000 денари месечно, на втор циклус студии, со остварен просек од најмалку 8 и на прв и на втор циклус студии.

Стипендијата се доделува на студент со постојана адреса на живеење во Општина Битола, за едногодишно стручно усовршување како адвокатски приправник, кај адвокат со регистрирано седиште на подрачјето на Општина Битола, но нема да стекне право на работен однос кај адвокатот кај којшто стручно се усовршувал, а и нема обврски кон истиот.

Кандидатите – студенти треба да ги достават потребните документи во рок од 15 дена од денот 24.06.2020 година, кога е објавен Конкурсот на веб страните на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, а изборот ќе се изврши во рок од 15 дена.

Инаку, во 2016 година, на денот на основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, за особениот придонес во правото, адвокатот Тома Фила беше прогласен за почесен доктор на науки, а тогаш ја најави и стипендијата која ја доделува фондацијата за еден студент од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »