Press "Enter" to skip to content

Во Битола еден нов случај од вкупно 153, по направени 1.279 ковид тестови

Според информациите на официјална Фејсбук страна на Министерство за здравство во последните 24 часа се направени 1.279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19.

Во Битола е регисѕтиран еден нов случај на ковид-19, а и денес најповеќе има во Скопје 66 ново заболени. Следуваат Куманово 13, Штип 13, Прилеп 2, Тетово 20, Струга 7, Охрид 7, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Свети Николе 3, Кичево 6 и Ресен 12.

Починати се 6 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје 47, Штип 13, Прилеп 1, Тетово 3, Струга 2, Велес 1, Охрид 3, Кавадарци 1, Гевгелија 2, Кочани 1 и Пробиштип 1.

Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.595, бројката на оздравени пациенти е 2.166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.164.

More from ВестиMore posts in Вести »