Здружението на уметници ракотворци Македонски ракотворби од Битола, активно работеше изминатите месеци во време на вонредна состојба, притоа почитувајќи ги мерките за заштита на населението за време на епидемија.
Изработени се многу дела во различни техники кои ќе чекаат да бидат презентирани на идни изложби и саеми.
Но, она што е најважно, членките на здружението, поведени од идејата да се помогне на граѓаните на Битола, изработија над 1.000 заштитни маски кои беа поделени на Општина Битола, граѓански организации, приватни фирми, пекари, продавници, ординации, авто школи и занаетчиски дуќани, како и за сопствени потреби.
Најголем интерес имаше за маските кои беа изработени со апликации од вез, мониста и плетени мотиви кои освен што се заштитни, претставуваат и убав моден додаток, а воедно се лесни за одржување и се за повеќекратна употреба.
Со оваа активност, ЗУР Македонски ракотворби даде скромен придонес во заштита на своите сограѓани. 

ЗУР Македонски ракотворби од Битола изработија и поделија над 1.000 заштитни маски (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Градоначалникот на Битола на средба со амбасадорот на Шведска
- В недела дел од “Булеварот“ ќе биде затворен за сообраќај заради интервенција на канализационата мрежа
- “Генералка Викенд“ од 8 до 10 мај и во Општина Битола
- Борче Даскаловски – тренер на Пелистер од Битола – “пет од пет“ очекувано во плеј-офот, во полуфиналето секој играч да биде подреден на тимот
- Одлични резултати на студентите од УКЛО Битола на Универзитетските првенства (фото)





