Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: тепачка помеѓу комшии, кражба во куќа и битолчанец каснат од куче скитник

На 25.06.2020 во СВР Битола, 61 годишник од Битола пријавил дека бил физички нападнат од неговиот сосед на возраст од 45 исто така од Битола. Во исто време во СВР Битола и пристигнала и контра во која 45 годишникот пријавил дека бил физички нападнат од неговиот сосед. По преземени мерки било констатирано дека лицата го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која користеле тврд предмет. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.06.2020 во СВР Битола било пријавено дека околу 07.30 часот на улица „Шар Планина“ во Битола, во куќа сопственост битолчанец од Австралија, а моментално живее  18 битолчанка и нејзината баба на возраст од 68 години, едно лице извршило разбојничка кражба. Според пријавеното, сторителот влегол низ незаклучената врата во куќата и во една од собите бил затекнат. Притоа, според пријавеното, сторителот ја турнал неа и побегнал. Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена ов Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 25.06.2020 во 14.50 часот во ПС Битола, битолчанец пријавил дека на 23.06.2020 околу 18.00 часот, додека се движел по индустрискиот пат во Битола, бил каснат од куче скитник. 

More from ВестиMore posts in Вести »