Според официјалните информации на Министерството за здравство објавени на нивната “фејс бук“ страница, во последните 24 часа се направени 1.074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19.
Во Битола во изминатото деноноќие има еден новозаболен, но е регистриран и еден оздравен пациент, а вкупната бројка на активни ковид-19 случаи останува 12.
По градови најмногу новозаболени има во Скопје 70, а следуваат Куманово 2, Дебар 6, Штип 14, Прилеп 2, Тетово 25, Струга 4, Велес 2, Битола 1, Охрид 9, Кавадарци 3, Гостивар 11, Струмица 1, Крива Паланка 2, Кочани 3, Свети Николе 4 и Ресен 4.
Во ГОБ „8 Септември“ починаа три лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од кои во Скопје 6, Куманово 1, Штип 16, Прилеп 1, Тетово 9, Велес 2, Битола 1, Гостивар 2, Кочани 1 и Ресен 1.
Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.758, бројката на оздравени пациенти е 2.206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.284.






