Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност

Според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи за Битола, за денес, сабота 27 јуни, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8. Температурата ќе достигне до 28°С.

За утре, недела, 28 јуни, сончево и топло со мала до умерена облачност прогнозираат метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне претежно во западните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8. Температурата ќе достигне до 29°С.

Од понеделник ќе преовладува сончево и многу топло време.

More from ВестиMore posts in Вести »