Press "Enter" to skip to content

Во Битола еден нов случај, еден оздравен од ковид-19, вкупно 150 од 1.086 тестирани

Според информациите од Министерството за здравство, објавени на официјалната “фејс бук“ страница, во последните 24 часа се направени 1.086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19.

Во Битола е регистриран еден случај на новозаболен, а еден е оздравен. По градови повторно Скопје има најмногу новорегистрирани случаи, вкупно 93, а следуваат: Куманово 7, Штип 3, Прилеп 4, Тетово 12, Струга 3, Битола 1, Охрид 9, Гостивар 3, Кочани 1, Кичево 8, Ресен 5 и  Неготино 1.

Починати се 9 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти Скопје 21, Штип 3, Прилеп 2, Тетово 3 и Битола 1.

Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.906, бројката на оздравени пациенти е 2.236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.393.

More from ВестиMore posts in Вести »