За денес, недела, 28 јуни, метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, за Битола, прогнозираат сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во северните, северозападните делови на земјава и во Пелагонија ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. УВ=8. Температурата во Битола ќе достигне до 30 степен.
За утре, понеделник, 29 јуни, почеток на идната седмица, за Битола, метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи прогнозираат сончево и топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец,а не прогнозираат по долго време нестабилно време и локални врнежи. УВ=9. Температурата во Битола ќе достигне до 29 степен.






