Press "Enter" to skip to content

Носителката на листата за пратеници во “петката“, Радмила Шекеринска, на коалицијата “Можеме“ во Битола

Носителката на листа во 5. изборна единица, на коалицијата “Можеме“, предводена од Радмила Шеќеринка денеска во Битола остварува повеќе теренски активности, а на плоштадот “Магнолија“ прудружувана од кандидатите за пратеници од Битола, Горан Козаров, Бисера Костадинова-Стојчевска и Петар Николовски и раководството на СДСМ од Битола одржа и прес-конференција на која рече:

-Владата работеше на темелни промени а во вториот мандат ќе се погрижиме 100 проценти законот да е еднаков за сите. Тоа го можеме само со стабилно мнозинство и период во кој следува прочистување во правосудството, рече Шекеринска. Законот е еднаков за сите, потенцира таа, додавајќи дека не се мешаат во судството но инсистираат на правда.

-Пред граѓаните излегуваме со сигурна понуда, можеме сигурна понуда за повисоки плати и повисоки пензии, нашиот фокус во следните четири години е да ја трансформираме нашата економија и да обезбедиме нова македонска развојна економија, а во тој дел еден од главните фокуси ќе биде обзебедувањето повеќе пари за компаниите но и за граѓаните, истакна Шекеринска. Таа потсети дека во период на пандемија, минималната плата е задржана на 14.500 денари, а со програмата на СДСМ и коалицијата, оваа минимална плата, во целиот мандат се очекува да порасне за 40 проценти.

-Ова го кажуваме како луѓе и како Влада која успеа за само две и пол години минималната плата да ја покачи за речиси 60 проценти. Покажавме дека можеме да обезбедиме повисока минимална плата, покажавме дека може да обезбедиме и повисока просечна плата и очекуваме во следните 4 години просечната плата да порасне до 30 насто. Домашните фирми рече Шекеринска, нема да ги оставиме на цедило и овој пат ќе ги поддржиме со дополнителни 600 милиони евра, од нив 300 милиони евра ќе доаѓаат од домашниот буџет, а 300 милиони евра ќе обезбдиме од европските фондови.

-Со членството во НАТО ќе обезбедиме рекорден број странски инвестиции, нагласи Шекеринска. Како што посочи, вратена е довербата во македонското здравство и според неа, подготвени се за следните предизвици во соочување со пандемијата.

-Во следнииот мандат ќе насочиме 33 милиони евра кон целосна реконструкција и опремување на сите одделенија за интензивна нега, и на тој начин ќе обезбдиме и при следниот бран на корона вирусот да ги имаме неопходните капацитети. Вложивме во нови кадри во здравството, обезбедивме рекорден број на специјализации и затоа велиме дека јавното здравство ќе биде наш приоритет заради коронавирусот, но и заради граѓаните кои што секогаш очекуваат и заслужуваат добра здравствена заштита, рече Шекеринска.

Пред битолчани, кандидатите за пратеници од СДСМ и коалицијата предводени од носителот на листата Радмила Шекеринска ги презентираа програмските определби, а информираа дека патните трошоци во Собранието ќе бидат укинати со што ќе се обезбеди граѓаните да ја враќаат довербата кај Собранието и кај своите избраници.

More from ВестиMore posts in Вести »