Пред вечерашниот предизборен собир кој е закажан за вечерва во 20,30 часот на плоштадот “Гоце Делчев“ и собирите во Новаци и Демир Хисар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, денес имаше средби со граѓаните на Битола, а го придружуваа носителот на листата во 5. изборна единица Игор Дурловски и кандидатите за пратеници од Битола, Силвана Ангелевска, Олга Лозановска и Бојан Бојковски.
-Денеска сме овде во Битола, разговаравме и разменивме мислења во врска со актуелната состојба во Битола и Битолско. Битолчани посведочија за сите оние порази и неправди коишто се присутни во целата држава, за сите неисполнети ветувања и очекувања. 15 јули е денот кога ги повикувам граѓаните од Битола, Демир Хисар и Новаци, масовно да излезат на избори и да ја поддржат победничката коалиција „За обнова на Македонија“, рече Мицковски денес од Широк Сокак.
Христијан Мицковски во денешната изјава дадена за медиумите рече:
-Имавме можност да разговараме со граѓаните за тоа каква е состојбата овде во битолско, а сведочат за сите оние неправди и порази кои што се присутни ширум целата држава, за сите оние неисполнети ветувања, неиспорачани очекувања. Битола е сведок на пустошот кој што позади себе ќе го остави ова раководство на СДСМ и Ал Капоне политиките преточени во Зоран Заев. Така што можам да кажам дека изминатите 5 дена, но и месеците претходно, можам да заклучам дека во Македонија тешко се живее и луѓето ги напуштаат родните огништа и се селат надвор од државата.






