ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Обнова на Македонија“ на плоштадот “Гоце Делчев“ одржа средба со граѓаните на Битола, на зборуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицковски, носителот на листата Игор Дурловски, а се обратија до битолчани и кандидатите за пратеници, Силвана Ангелевска, Олга Лозановска и Бојан Бојковски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва пред граѓаните на Битола рече победата на ВМРО-ДПМНЕ на 15 јули е веќе реалност, а програмата која на повеќе од 300 страници ја понудуваат на граѓаните не е само за четири години туку и повеќе, а внимателно е работена од првата буква на првата страница се до последната точка на последната страница во интерес на сите граѓани на Македонија.
-На граѓаните на Битола, Мицкоски им порача дека сега е тој момент, кога треба судбината треба да се земе во раце и да се покаже како што дека можело се да биде поинаку треба цврсто да застанеме на нозе и да продолжиме да се бориме и веруваме во огромна победа на 15 јули, огромна победа е пред нас.
-Веќе 18 години СДСМ не знае за изборна победа на парламентарни избори, од онаа во 2002 година, значи детето се родило пораснало, денес ќе гласа, а не се сеќава на парламентарна победа на СДСМ. Убеден сум дека таа низа ќе продолжи, ќе има победа на ВМРО-ДПМНЕ. Вреди оваа битка за нашите потомци, нашата борба против овие кои ја парчосуваат Македонија, тука пред се мислам на заканите и уцените на пандемијата која за жал поради лошите мерки има продолжен ефект, но тоа треба дополнително да не мотивира. Македонецот се борел и со помоќен непријател, но тогаш победувал, така ќе биде и на 15 јули и ќе одекне громоглансо во Европа победата на ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на владеењето на СДСМ и додаде:
-Можеа повеќе да работат, но прво, не сакаат, второ не умеат, не умеат ништо да сработат. Каде се 30.000 денари просечна плата, ако сакаа можеа да ги подобрат условите во економијата, велеа ќе биле сите привилегирани и домашните и странските инвеститори, а јас не познавам домашен инвеститор, или странски, кој е задовол и кој на дневна основа не се жали и кој не вели полошо не може. Можеа да донесат и правда и мир. Но, наместо правда донесоа “Луи Вутон“ куферчиња, „трас трас“ пресуди, наместо мир, донесоа немир на семејствата на оние кои ги положија животите бранејќи ја државата во Диво насеље, донесоа немир во душата на родителите на децата кои страдаа кај Смилковско, ветуваа правда, а прво ги ослободија сторителите на тој чин.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека не се волшебници да направат нешто преку ноќ, но оти ветуваат многу чесна работа и дека избраните од народот ќе бидат меѓу народот, со народот во парковите, на улиците и да ја обноват државата, не смеат да го изневерар народот, а вети дека за четири години ќе ги зголемат платите за 25 проценти, пензиите за 20 проценти, 1.000 километри нови патишта, а ќе работат и да се намали зададеноста, но не можат да ветат алпски воздух преку ноќ.
Носителот на изборна единица број пет, Игор Дурловски порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за промените во државата за идните поколенија.
-Се обврзувам дека ќе се борам за обнова на Македонија која е повеќе од потребна. Се обврзувам дека нема да се откажам и дека ништо нема да ме поколеба затоа што се работи за Македонија. СДСМ во изминатите три години не реализираа ништо од тоа што ветиле и дека државата на чело со нив се дави во непотизам, криминал и економија на коленици но дека тоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија“ ќе го промени сето тоа. Ќе чекориме кон Европа, а Македонија со векови градела и придонесувала во тие цивилизацикси процеси. Македонија тоа и ќе продолжи да го чини. Но, не свиена, стуткана, згрбавена и понижена, туку исправена, горда со визија за иднинат. Време да се победи малодушноста, да си ја земеме судбината во свои раце, да си ги вратиме вистинските вредности.
Силвана Ангелевска кандидат за пратеник од Битола на средбата со граѓаните с осврна на дел од програмата “Обнова на Македонија“, зборуваше за образованието, здравството… и рече:
-Сакам да споделам едно мое лично убедување, максима која не држела исправена и во најтешкото, во загубите, во борбата со животот. Тоа е надежта. Овие три и пол години поминавме навистина тежок и срамен период, не обезличија, ни посегнаа по се што ни е свето, по националниот идентитет, јазикот, културата, историјата. Македонија е окарактеризирана како земја на хибриден режим, правно несигурна, со високо ниво на корупција и криминал.
Олга Лозановска, кандидат за пратеник во своето обраќање се осврна на патриотозмот, татковината и проектите во здравството, кои се во новата програма, и рече:
-Да се сака татковината тоа е исто како и љубовта кон своите родители. Татковината е местото каде што ние топло, удобно, хармонично. Името на татковината е нешто што ја претставува суштината на се што постои. Македонците постојат, го зборуваат македонски јазик, живеат на секаде во светот. Патриотизмот и непокорливиоста на Македонците се вечни. Тоа е непроменлива вистина. Нашите предци ни оставиле аманет за зачувување на својата таковина, а ние треба да останеме горди Македонци. Многу проекти во здравството кои се наоѓаат во програмата за идните 4 години ќе бидат во функција на граѓаните за подобрување на здравството.
Вечерашната средба на граѓаните и Коалицијата “Обнова на Македонија“ за отвори кандидатот за пратеник од Битола, Бојан Бојкоски, кој нагласи дека победата е извесна, а зборуваше и за програмата.
-Да ги оставиме нашите политички противници, да живеат во својот филм до 15 јули, а потоа следува обнова на Македонија. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се состои од четири столбови, ефикасна држава и силни институции, конкурентен приватен сектор, интегрирана, стабилна и безбедна земја, подобри услови за живот за сите граѓани.

Средба со граѓаните на Битола на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Обнова на Македонија“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Градоначалникот на Битола на средба со амбасадорот на Шведска
- В недела дел од “Булеварот“ ќе биде затворен за сообраќај заради интервенција на канализационата мрежа
- “Генералка Викенд“ од 8 до 10 мај и во Општина Битола
- Борче Даскаловски – тренер на Пелистер од Битола – “пет од пет“ очекувано во плеј-офот, во полуфиналето секој играч да биде подреден на тимот
- Одлични резултати на студентите од УКЛО Битола на Универзитетските првенства (фото)





