Деновиве се црташе новиот мурал во Битола, кој е “сместен“ на ѕидот на старото кино “Партизан“, а е дел од 15-то издание на АКТО фестивалот за современа уметност и денес битолчани ќе го видат во востинско светло, бидејќи утрово се собираше скелето на кое уметниците го изработија.
Со овој мурал се отвара годишната програма по повод јубилејното издание, а автори на муралот КУРС колектив од Белград, кои напишаа дел од Песната за солидарноста на Бертолт Брехт, кој гласи:
„Црни, бели, калеши, жолти,
заборавете на старите кавги.
Штом муабет почнете со луѓето здружни,
набрзо сите ќе бидеме сложни”.






