Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денеска присуствуваше на доставата на кино опремата која е потребна за киното “Манаки“ на Широк Сокак во Битола, да биде ставено во функција. Набавката на оваа опрема е дел од проектот КИНОКУЛТУРА кој се реализира во рамките на програмата Interreg IPA Cross-border Cooperation Programme Greece – the Republic of North Macedonia 2014-2020. Вредноста на опремата изнесува 64.215 евра.
Со овој договор се набавува: проектор, проекционо платно, аудио опрема, лап топ, кабелска инсталација и друга опрема. Во договорот предвидена е испораката на опремата, инсталацијата, обука на персонал кој ќе ракува со неа, како и пост продажна услуга за кино опремата, која е адекватна за проекции во отворен и затворен простор.
За ентериерно уредување на киното Манаки, обезбедени се 7.616.554, 00 денари преку Министерство за култура, за капитални инвестиции до единиците за локална самоуправа за 2019 година. Иако, поради состојбата со КОРОНА вирусот проектните активности малку се пролонгираа, сепак истите се реализираат и комплетната опрема се набавува, согласно предвидените рокови.
Со Проектот Кинокултура, финансиран од Interreg IPA Cross-border Cooperation Programme Greece – the Republic of North Macedonia 2014-2020, во истиот објект предвидено е ставање во функција на туристички информативен центар, за чие опремување наскоро ќе биде објавена тендерска постапка. Во исто време, Општина Битола е пред склучување на договор за изработка на студија за валоризација на културно историското наследство во прекуграничната област, а во фаза на евалуација е постапката за изработка на дигитална мапа и 3Д виртуелна презентација и интерактивна веб апликација за истражување на културно – историските споменици во Битола.

Новото кино “Манаки“ со нова опрема од проектот “Кино култура“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Драмата – печалбари прикажана во Сиднеј
- Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 25 степени
- Билтен на МВР: кривична за “даночно затајување“, тешко повреден моторциклист откако удрил во заштитна ограда
- Акумулацијата “Стрежево” порибена со 250 килограми крап (фотогалерија)
- СВР Битола: приведувања за напад врз син, сопруга и брат, и за возење без возачка





