Press "Enter" to skip to content

Денес тројца новозаболени битолчани од ковид-19

Според информациите на Министерството за здравство објавени на нивната “фејс бук“ страница во Битола во последното деноноќие има тројца битолчани, кај кои е регистриран коронавирус. 

Инаку, во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во Скопје 64, Куманово 4, Дебар 4, Штип 2, Прилеп 2, Тетово 14, Струга 5, Охрид 7, Гостивар 2, Македонски Брод 1, Свети Николе 2, Кичево 5 и Ресен 5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти, а нема оздравен пациен од Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 61.727 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.454, бројката на оздравени пациенти е 2.598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.550.

More from ВестиMore posts in Вести »