Денес на плоштадот “Магнолија“ во Битола се одржа мирен протест на како се нарекоа “свадбарските работници“ во кои спаѓаат музичарите, кананџиите, снимателите, фотографите, кетеринг работниците, златарите, цвеќарите, слаткарите и сите кои вклучени во организацијата на свадби, веридби, сунети и други веселби.
Тие на денешниот мирен протест рекоа дека главно барање им е да дозволи одржување на свадби и други веселби.
Благој Мустриќовски, кој има бизнис видео проекција зборуваше пред присутните и ги кажа причините поради кои, според нив да им се обезбеди организирање на свадби и други веселби:
-И сега сите ние сме сведоци дека се одржуваат веселби и свадби, на во кафаеани туку во викендици каде што исто така има голема концентрација на луѓе на мал простор. На тие место условите за хигиена се лоши, а односно под нивото на рестораните. Свадбите и другите веселби, според нас, не се голем ризика за ширење на корона вирусот, бидејќи луѓето кои ќе бидат таму, а не ја почитуваат дистанцата се најчесто од иста фамилија, од ист дом, од исто работно место, од исто друштво, е се заедно и секојдневниот живот. Угостителите се подготвени да донесат и дополнителни модификации на просторот за да го исполнат протоколот за организација на свадби и веселби.
Во име на сите зборуваа неколкумина, од различни професии, а еден од организаторите Заит Алиу, музичар, рече:
-Имаме неколку забелечки до Комисијата за заразни болести, а првата е зошто мизичарите кои имаат концертите да бидат ослободени, додека ние музичарите кои егзистираме од оваа работа и мометално сме на работ на егзистенцијата, да не бидеме. Ние како музичари една година наназад чекаме овој период кога има закажано свадби и веселби, а сега не може да се најде начин тие да се одржат. Сакаме некој да ни помогне и да излезе во пресрет на овие барања. И кај не сме сите исти, бидејќи има музичари кои имаат дополнителна друга работа, но најголем дел егзистираат само од свадби и веселби.
На мирниот протест беше присутен и пејачот Благоја Груевски, кој нагласи дек годината според нивни пресметки се одржуваат 15.000 свадби кои сега се откажани, а не се знае кога ќе се закажат или ќе се одложат.
По нивни проценки, во земјава има над 20.000 музичари, а годишно се прават 15.000 свадби, од кои најголемиот дел преку лето и тие сега се откажани. Груевски рече со вакбата состојба ќе донесе тешка состојба на музичарите, бидејќи музичката дејност во земјата во 90 проценти егзистира од свадбите, од каде е и финансирањето.
Тие испратија писмо со барања до Владата, Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство за укинување на уредбите.






