Празнувањето во чест на светецот Свети Наум започнува уште ноќта на 2 јули кога многу верници се упатуваат во црквата “Св. Наум“ во Битола да се помолат и запалат свеќа за здравје.
Оваа година битолчани празнуваа под посебните ковид-мерки, а во дворот на црквата за разлика од годините наназад не стоеја со свеќи и не чекаа да се качат внатре кај иконата на Светецот. Само малку битолчани беа вечерва во малата црква кај “Гроздот“ во Битола, за разлика од пред некоја година кога се чекаше и по еден час да се стигне до иконата на “Св. Наум“.
Вечерва во Битола, во црквата “Св. Наум“ ги немаше и верниците кои се молат и бдеат цела ноќ за здравје, а болни за исцелување. Се беше под поседни мерки, се почитува мерките, сите верници имаа маски на лицето, а се одржуваше и социјалната дистанца, а немаше и задржување на оние кои палеа свеќи за здравје.
Се смета дека чудотворните исцелителски моќи на Св. Наум им помогнале на многу луѓе кои верувале.
Имено, Св. Наум остана запаметен како чудотворец со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од различни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и припадност.

Битолчани традиционално во црквичето “Св. Наум“ со почитување на против корона мерките (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Градоначалникот на Битола на средба со амбасадорот на Шведска
- В недела дел од “Булеварот“ ќе биде затворен за сообраќај заради интервенција на канализационата мрежа
- “Генералка Викенд“ од 8 до 10 мај и во Општина Битола
- Борче Даскаловски – тренер на Пелистер од Битола – “пет од пет“ очекувано во плеј-офот, во полуфиналето секој играч да биде подреден на тимот
- Одлични резултати на студентите од УКЛО Битола на Универзитетските првенства (фото)





