Press "Enter" to skip to content

Новиот директор на младинскиот погон, Стевче Стефановски, ја започна работата со тренерите на Еурофарм Работник

Новиот координатор на младинската школа на Еурофарм Пелистер од Битола, Стевче Стефановски ја започна својата работа во клубот, а во клубските простории во Битола, Стефановски одржа работен состанок со сите тренери во клубот.

Темата која ја предложи новиот младински координатор во Битола, Стефановски, беше ковање на клупска стратегија во следниот период, во која се вклучени сите категории на клубот.

-Голем дел од тренерите кои работат во Еурофарм Пелистер, долги години се во ракометот и во клубот и ја познаваат тематика, клупските структури, инфраструктурата и планот на раководечките структури. Ваквите состаноци ќе бидат почести, за утврдување на клупските планови и стратегијата на краток и долг период, рече Стефановски.

Кон средината на јули се очекува пристигнување на сите ракометари на Еурофарм Работник во Битола и почеток на подготовки на сениорската екипа, водена од Жељко Бабиќ.

More from СпортMore posts in Спорт »