Press "Enter" to skip to content

Трибина на ЛДП во амфитеатарот на битолско Тумбекафе (фото)

Во рамките на предизборната кампања општинскиот клуб на ЛДП од Битола организираше трибина на која присуствуваа дел од членството запазувајќи ги протоколите за организирање на ваков вид предизборно претставување.На трибината на отворени зборуваа претседателот на ЛДП, Горан Милевски од Битола, кандидатот за пратеник Боби Мојсоски, претседателот на совет на Општина Битола, од редовите на ЛДП, Валентин Груевски и претседателот на општинската организација на ЛДП од Битола, Александар Касапов.Пред членовите на битолското ЛДП и други присутни тројцата говорници ги презентираа програмските заложби на партијата и потребата партијата да биде во оваа коалиција.Европска Македонија, правна држава, еко држава, членка на НАТО и ЕУ беа дел од темите на кои се разговараше вечерва во Битола, на Тумбекафе.

More from ВестиMore posts in Вести »