Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: денес во Битола, облачно претпладне со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд, а од пладне нестабилно

Деновиве и утре нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Во вторник ќе започне да дува силен северен ветер, се вели во препупредување издадено од Управата за метеоролошки работи. 

За денес, понеделник, 6 јуни, во Битола според метеоролозите на Управата за метеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно претпладне со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд, а од пладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невреме. УВ=7. Температурата до 28°С.

За утре, вторник, 7 јули, во Битола ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој со помал интензитет ќе се задржи и преку ноќта. УВ=7. Температурата ќе биде до 26°С.

More from ВестиMore posts in Вести »