Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19, е напишано во најновото соопштение на министерството за здравство објавено на нивната официјална “фејс бук“ страница.
Во Битола е регистриран еден нов случај, а по градови се Скопје 26, Куманово 4, Дебар 1, Штип 17, Тетово 9, Струга 3, Битола 1, Охрид 1, Гостивар 5, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 3, Виница 1 и Свети Николе 5.
Починати се 5 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица во кои нема од Битола.
Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.124, бројката на оздравени пациенти е 3.199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.579.






