Според прогнозата на Управата на метеоролошки работи од утре следува период на сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра.
Денес, вторник, 7 јули, во Битола според метеоролозите на Управата на метеоролошки работи претпладне и околу пладне времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над 90 км/час. УВ=7. Температурата во Битола ќе биде до 26°С.
За утре, среда, 8 јули, во Битола прогнозата за времето е дека ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. УВ=8. Температурата во Битола ќе биде до 25°С.






