Press "Enter" to skip to content

“Училница во природа“ место за дружење и развивање еколошка свест (фото)

 ОУ “Св. Климент Охридски“ од Битола деновиве ја заврши “Училницата во природа“ која направена  со  средства  од проект кои се добија на повик од  Совет на волонтери при Општина Битола и  МКЦ- Битола и со помош на “Битолско поле“.Голем број на ученици од VIII и  IX одделение учествуваа во акцијата и беа мотивирани да создаваат нови производи со рециклирање на материјалите и да дадат свој придонес во подобрување на условите во училиштето. Учениците работеа под менторство на наставничките Ленче Крстевска и Анкица Стевановска и со голема помош од хаус мајсторите Зоран Митревски и Горан Талевски.-“Училница во природа“ е уште едно пријатно катче за нашите учениците. Со почетокот на новата учебна година нашите ученици дел од часовите ќе можат да ги реализираат во природа во нашиот училишен двор, каде што ќе се чувствуваат убаво, мотивирано. Секако ова ќе придонесе да се развива еколошката свест, за чиста околина со  грижата и одржување на оваа училница во природа, објасни директорката   ОУ “Св. Климент Охридски“ од Битола, Гордана Анастасова, која додеде и дека проектот е од подамна но поради состојбата сега се заврши.

Ж. Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »