Press "Enter" to skip to content

СВР Битола поднесе шест кривични пријави против лица кои не биле во самоизолација, а имале решенија

СВР Битола поднесе 6 кривични пријави против Б.У. (36), Х.М. (21), Д.Ј. (29), С.Е. (25), Р.Џ. (25), В.Ѓ. (54), сите шест мина од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавените, од 08.06.2020 до 11.06.2020 биле затекнати надвор од своите домови и не се придржувале кон воведената мерка „забрана на движење на подрачјето на РСМ“, со цел спречување на ширење на заразната болест Ковид-19 и заштита на населението. Вкупно биле поднесени 78 кривични пријави по истиот основ.

More from ВестиMore posts in Вести »