Press "Enter" to skip to content

Во Битола денес еден новозаболен, двајца оздравени, вкупно 120 нови случаи

Денес во Битола има регистрирано еден новозаболен од ковид-19 и двајца оздравени според информациите на министерството за здравство објавени на нивната официјална “фејс бук“ страница. 

Инаку, во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19, а по градови Скопје има најмногу новозаболени, влупно 63, а следуваат Куманово 4, Дебар 6, Штип 4, Прилеп 2, Тетово 14, Струга 6, Велес 2, Битола 1, Охрид 4, Гостивар 12, Свети Николе 1 и Кичево 1.

Починати се 5 лица, денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од: Скопје 82, Штип 1, Тетово 30, Струга 2, Битола 2, Гостивар 2, Кочани 4, Пехчево 1 и Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.244, бројката на оздравени пациенти е 3.324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.569.

More from ВестиMore posts in Вести »