Со финалната фаза асфалтирање, завршува реконтрукцијата на дел од улицата “13 Јули“, под хотел “Битола“ во Битола и таа го добива финалниот лик. Увид денес изврши градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која изјави:
-Вршиме увид во градежните активности на улицата “13 Јули“ кои што се во завршна фаза, каде што се покриени 3.950 метри квадратни оставена кал неколку години наназад. Решен е коловозот, делот на паркингот, а претходно беше изведена канализацијата и осветлувањето. Целокупната инвестиција на овој потег изнесува 135.000 евра. Она што како динамика е забележително на ниво на цел град е тоа што созреаните проекти од претходниот период се во изведбена фаза и во таа насока општината продолжува да се движи.
Прво на оваа улица беше поставена мешовита канализација од страна на KЈП „Нискоградба“, а потоа се пристапи кон санација и подготовки за асфалтирање и поставување на тротоари. Следен чекор на реализација беше поставувањето на улично осветлување, како и осветлување на паркинг просторот околу зградите.

Се асфалтира дел од улицата “13 Јули“ под “Декорпод“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер го победи Куманово во Битола
- СВР Битола: кај битолчанец пронајдени 20 парчиња муниција и 103 парчиња пиротехнички средства, поднесена кривична
- Драмата – печалбари прикажана во Сиднеј
- Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 25 степени





