Press "Enter" to skip to content

Во Битола двајца новозаболени од вкупно 168, во болницата 44 пациенти со ковид-19

Во Битола во последното деноноќие за регистрирани уште два позитни случаи на ковид-19, а еден пациент е излекуван. 

Инаку, според информации на Министерството за здравство објавени на нивната “фејс-бук“ страница во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19.

Најповеќе има во Скопје 83,  а следуваат Куманово 8, Дебар 2, Штип 6, Прилеп 3, Тетово 26, Струга 5, Битола 2, Охрид 8, Гостивар 8, Крива Паланка 1, Крушево 1, Кочани 1, Пробиштип 2, Македонски Брод 1, Свети Николе 4, Кичево 6 и Ресен 1.

Починати се 3 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица. Во  Скопје 48, Тетово 18, Велес 1, Гостивар 1, Кочани 1,  Ресен 1

Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572, бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586.

More from ВестиMore posts in Вести »