Од печатницата “Киро Дандаро“ од Битола, утрово тргна доверливиот материјал, а межи нив и 1.814.263 гласачки ливчиња за 3.390 гласачки места, кои чќе ги добијат преку Општинските изборни комисии. Транспортот се одвива со камиони и комбиња на “Македонски пошти“, а имаат и силно полициско обезбедување.
Оливер Деркоски претседател на ДИК утрово лично вршеше увид на дистрибуцијата на доверливиот материјалот за гласање што ќе се користи на претстојните вонредни парламентарни избори, а од дворот на АД печатница „Киро Дандаро“ – Битола, рече:
–Материјалот ќе биде доставен до сите општински изборни комисии, а тие пак во текот на утрешниот ден материјалот ќе го достават до избирачките одбори. Процесот се одвива непречено и со одлична организација, а тоа значи дека се ќе за заврши во предвидениот рок. Подготовките на ДИК за целиот изборен процес се одвиваат непречено, посебно сме посветени во делот врзан со заштитата на здравјето на граѓаните и ги повикувам граѓаните масовно да излезат на гласање, да не се плашат за своето здравје затоа што ние се погриживме да ги снабдиме сите избирачки одбори со заштитен материјал маски, за да и оние граѓани кои не можат да купат или не носат заштитна маска од кои било причини, сепак да добијат заштитна маска, да гласаат и да го остварат своето право на глас, истакна Деркоски и додаде:
–Ги повикувам граѓаните масовно да излезат на гласање, да не се плашат за своето здравје затоа што ние се погриживме да ги снабдиме сите избирачки одбори со заштитен материјал, а деновиве се врши и дезинфекција на сите гласачки места во државата, изјави претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски.
Директорот на печатницата “Киро Дандаро“ – Битола, Драги Милошевски, рече дека избирачкиот материјал има многу високо ниво на заштита и не е возможно негово фалсификување.
–Целиот изборачки материјал и гласачките ливчиња се изработени во рекордно време, за само шест дена. Гласачките ливчиња имаат преголема заштита, не е можно никако да се фалсификуваат, на нив има околу 20 заштити, рече Драги Милошевски директор на печатницата „Киро Дандаро“ – Битола.






