Во последните 24 часа се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19, од кои три во Битола.
По градови: Скопје 60, Куманово 13, Дебар 17, Штип 10, Прилеп 2, Тетово 13, Струга 1, Велес 3, Битола 3, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 23, Струмица 1, Крушево 1, Пробиштип 2, Демир Хисар 2, Македонски Брод 1, Берово 1, Свети Николе 29, Кичево 7 и Ресен 3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица.
Досега во земјата се направени вкупно 74.562 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.777, бројката на оздравени пациенти е 3.960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3449.






