Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево со мала до умерена облачност

Денес, сабота, 11 јули, во Битола времето според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи. УВ=9. Температурата во Битола до 29 степени.

За утре, недела, 12 јули, за Битола прогнозата е дека времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно во западните делови со услови за појава на локален краткотраен дожд и грмежи. Од претпладне ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер. УВ=8. Температурата во Битола до 28 степени.

 

More from ВестиMore posts in Вести »