-Во Битола, во Хераклеја, со почитување на препораките за заштита од ковид-19, се одржа последната трибина на СДСМ и коалицијата “Можеме“ пред да започне молкот до гласањето кое ќе се одржи среда, 15 јуни.
-На трибината говореа претседателот на СДСМ – Зоран Заев, носителот на листата во 5. изборна единица – Радмила Шеќеринска и кандидатите за пратеници Горан Козаров и Бисера Костадинска – Стојчевска.
Од последната предизборна трибина на СДСМ од Хераклеја кај Битола, лидерот Зоран Заев испрати победничка порака дека заедно со граѓаните во следните четири години ќе покажат дека навистина знаат и можат многу повеќе од тоа што го сработија во првиот, скратен мандат.
-Бараме поддршка од Битола и од сите граѓани во државата за 20.000 денари минимална плата, за 34 000 денари просечна плата, за раст на пензиите, за 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, за 600.000 милиони евра поддршка на македонското стопанство, за 200 милиони евра субвенции и рурален развој, за 100% зелена нафта, за 10 проценти повисока плата во здравството во секоја од следните четири години за лекарите и сестрите да останат во нашето здравство, за младите да останат дома и да имаат младински додаток и да им го враќаме персоналниот данок, рече Заев за дел од плановите за четиригодишниот мандат.
Во еуфоричната атмосфера на Хераклеја Заев не пропушти да повика на поддршка од граѓаните и за останатите проекти кои ќе се реализираат во целост.
-Бараме поддршка за нови 60 000 работни места во првите три години од мандатот, за 60.000 деца со детски додаток, за 70 000 деца со образовен додаток, за социјална помош на 34.000 семејства, за сериозна реформа и прочистување на судството, за реформирано образование кое ќе продуцира квалификувани кадри според потребите на пазарот… Бараме поддршка да враќаме пари кон народот.
Бараме поддршка затоа што покажавме дека сме кадарни, покажавме љубов и покажавме дека ја заслужуваме вашата поддршка“- порача Заев пред битолчани и ги повика сите гласачи да не се колебаат и да изберат патоказ на државата.
Тој ги повика и неопределените дека ако ги игнорираат изборите ќе му помогнат на режимот, затоа, за целосно уништување на режимските остатоци непходно е што поголем број граѓани да ја изберат европската опција под реден број 3.
-Кога ќе се спои сликата убава и добрата мисла, чудата навистина се можни, се наоѓаме на магична локација, на древна населба и раскрсница, како Хераклеа, таа минала низ разурнувања, низ подеми и падови, низ проблеми и решенија, и таа ни праќа една историска лекција, немој да дозволиш грешка, немој да пропуштиш шанса, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица пет, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на завршната граѓанска трибина во Битола.
Истакна дека во оваа кампања, тоа е главната порака којашто ја испраќаат „бидејќи како држава пред само две и пол, три години излеговме од една грешка, тешко беше ама излеговме и во овие две и пол години ја ставивме државата на вистинскиот пат, немаме веќе право на грешка и 15 јули е знак дека не смееме да си дозволиме грешка и додаде дека по 30 години говорење, никогаш во Хераклеја, но многу пати во Битола за НАТО денеска “можам пред вас со чист образ и многу високо крената глава да кажам членка сме на НАТО, по 30 години муабет имаме резултат“.
Кандидатот за пратеник од Битола, проф. д-р Бисера Костадиновска – Стојчевска зборуваше за образованието во кое рече дека вложувале во се, инфраструктура, концепт, наставен кадар, во учениците…
-Со помош на централната власт и на локалната самоуправа тоа образование го вративме на правиот пат, и сега не се сраќаваме со егзистенцијални проблеми, сега имаме зголемување на платите од повеќе 20%, не е доведено во прашање дали ќе се купи креда, молив, а со помош на централната власт и на локалната самоуправа, образование го вративме на правиот пат.
Горан Козаров, кандидатот за пратеник од Битола во 5. изборна единица, беше прв говорник на трибината во Херајлеја, на која рече дека како приоритети кои и му ги кажа на, како рече идниот премиер Заев, се автопатот Битола-Прилеп -Велес,кој ќе ја олесни комуникацијата не само за битолчани туку за сите жители од Југозападниот Регион со Скопје и обиколницата од Битола до Меџитлија, а се осврна и на планината Пелистер.
-Најјужната алпска планина во Европа заслужува многу повеќе и тоа ќе си го добие со СДСМ заедно. Таму во моментов се решаваат неколку крупни проекти кои треба да го вратат здивот на планината оти цели 12 години се размислуваше само за сеча, а потоа да го претворат Пелистер во вистинска туристичка мека. Неопходна е и рехабилитација на патниот правец, до и од хотелот “Молика“, како и патот до ски-центарот “Стрежево“, рече Козаров и додаде:
-По избори РЕК “Битола“ ќе добие “А“ интегрирана еколошка дозвола, за што веќе Комбинатот е подготвен, а се секало министерсвотото за животна средина.

Последна трибина на СДСМ и коалицијата “Можеме“ пред молкот во Хераклеја во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Градоначалникот на Битола на средба со амбасадорот на Шведска
- В недела дел од “Булеварот“ ќе биде затворен за сообраќај заради интервенција на канализационата мрежа
- “Генералка Викенд“ од 8 до 10 мај и во Општина Битола
- Борче Даскаловски – тренер на Пелистер од Битола – “пет од пет“ очекувано во плеј-офот, во полуфиналето секој играч да биде подреден на тимот
- Одлични резултати на студентите од УКЛО Битола на Универзитетските првенства (фото)





