Press "Enter" to skip to content

Петровден во манастирот “Св. Апостол Петар“ и славно село Смилево (фото

На само триесетина километри од Битола се наоѓа славното село Смилево, кое припаѓа на Демирхисарската општина, а кога се скршнува од асфалтниот пат пред селото, на пет километри се наоѓа манастирот “Св. Апостол Петар“. Манастирот “Св. Апостол Петар“ вчера беше центар на Демир Хисар, а тука покрај мештаните и жителите од селата од овој крај имаше и голем број на гости од Битола, кои  беа таму, на старата, којзнае колку годишна стара икона на која се насликани ликовите на двајцата Христови Апостоли Петар и Павле, се поклонија и се помолија за добро здравје, за себе, за најблиските, за сите верници, во овие кризни времиња на корона кризата.Иако манстирскиот компелкс и црквата се уште се во изградба, може да се почуствува колку убав манастирски компекс ќе биде во иднина, а конаците кои се посебна приказна можеби во иднина ќе бидат “населени“ од монаси кои ќе ја одржуваат и продолжуваат православната вера, препознатлива за Македонија.Манастирот “Св. Апостол Петар“ е граден со карактеристичен жолт камен, и е здание кое е скриено во длабока шума, од столетни дабови, а се забележува пред десетици метри, а неговата местоположба обиколен со зелени ридови, го прават да изгледа величествено. Околу манастирот, на овој Петровде, за разлика од годините, поради корона кризата, немаше многу народ, а преубавото место за излет, уредено со клупи и маси за гостите на оние кои беа тука, претежно од овој крај во летната жештина, карактеристична за јули, за Петровден, кога се жнее лебот, им подари дебели сенки во кои уживаа.На слегување од манастирот, се свртува лево и на неколку кулометри се наоѓа селото Смилево, а како велат смилевци, со поминување на Смилевска Река си в село, на Петровден вообичаено има многу гости, но како и кај манастирот, оваа година и тука сите претпазливи со маски и почитување на мерките на претпазливост.Православниот Петровден е слава на славното село Смилево. Се одбележува секоја година на 12 јули, посветен е на Апостол Петар и сe смета за еден од најголемите празници по Велигден и означува крај на Петровденските пости.Во овој крај каде живееле Мијаци, Петровден се сметал за голем празник, тогаш иделе печалбарите и како во останатите мијачки села Галичник, Лазарополе… тогаш се правеле и свадбите. Овој Петровден како и секоја година многу луѓе на манастирот “Св. Апостол Петар“ кој се наоѓа над селото во длабока дабова шума.Инаку, селото Смилево исто така заради својата местоположба длабоко во ридови и шума еден вид заштитено место заради кое има своја голема историја за време на турското ропство. Тоа претставува значајно место, бидејќи тука е одржан Смилевскиот конгрес и е родно место на големиот национален деец Даме Груев, еден од основачите и водачите на ВМРО.Во негова чест се подигнат меморијалиот комплекс и спомен парк над селото каде е поставен големиот споменик на Даме Груев, а подолу е спомен куќата и на сдед село е спомен костурницата, каде вчера на Петровден се поклонија смилевци и гостите.Како што споменавме Смилево припаѓа во Општина Демир Хисар , во областа Ѓават-Кол, во околината. Славно смилево уште како го нарекуваат има посебна историја уште од своето постоење и неговото име се смета дека веројатно доаѓа од личното име Смиле, кое е изведено од Смилјан или Смил, во XV век, со додавање на присвојната придавна наставка -во, со назнака дека „тоа е село на Смиле“.Според друго казание Смиле бил брат на Лазо кој го освивал Лазарополе, па затоа тука се населени Мијаци, за разлика од другите демирхисарски села каде се Брсјаци.Манастирот “Св. Апостол Павле“ е осветен во 2018 година на Петровден, од страна на Владиката Петар.Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »