Press "Enter" to skip to content

Македонско научно друштво и Центар за култура-Битола организираат стручно-научен собир на тема “Академски такт за фолклорот и етнологијата“

Македонско научно друштво-Битола во соработка со НУ Центар за култура-Битола, на 29
јули организираат стручно-научен собир на тема „Академски такт за фолклорот и етнологијата“. Повод за организација на собирот се два големи јубилеи, 60 години од формирањето на МНД-Битола и 50 години од одржувањето на првото издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

На претстојниот стручно-научен собир организаторот ќе промовира посебно издание на
стручно-научното списание „Прилози“ со 18 трудови чии автори се: проф. д-р Владимир
Јаневски, проф. д-р Марјан Танушевски, проф. д-р Борис Ангелков, проф. д-р Менде
Солунчевски, д-р Лили Бошевска, м-р Валентин Соклевски, м-р Благојче Трајковски, Вера Стојчевска Антиќ, Славе Николовски Катин, Христијан Николовски, Љупка Стефановска, Тијана Јаневска, Бојан Петковски, Дени Синадиновски, Александар Стефановски, Александар Тодоровски, Анета Стојчевска, Силвестер Проле и Елизабета Јончиќ.

Како што е познато, првиот научен собир на тема „Фолклорот и етнологијата на Битола и
Битолско“ се одржа во 1980 година, а го организираа ДНУ-Битола, УНК „Илинденски денови“ и Македонската академија на науките и уметностите-МАНУ, а годинава по 40 години пауза, повторно ќе се одржи овој стручно-научен собир.

Проектот „Академски такт за фолклорот и етнологијата“ е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата за 2020 година.

More from ВестиMore posts in Вести »