Press "Enter" to skip to content

Сообраќајка во село Егри, со “форд ка“ повреден велосипедист

СВР Битола, информира дека на 13.07.2020 во 08.30 часот било пријавено дека во село Егри, битолско, патничко возило „форд ка“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р. (60) од село Егри удрило во велосипед, управуван од Б.Р. (84) од село Егри.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »