Press "Enter" to skip to content

11 новозаболени во Битола, 1.382 тестирања, 198 нови случаи на ковид-19

Денес во Битола е регистрирана најголемата бројка на новозаболени лица од ковид-19, вкупно 11, што е рекорд на новозаболени во едно деноноќие за нашиот град. Денес е регостриран и еден оздравен случај, соопшти Министерството за здравство, преку објава на нивниот “фејс бук“ профиил.

Во последните 24 часа се направени 1382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на ковид-19, во Скопје 83, Куманово 12, Дебар 1, Штип 21, Прилеп 2, Тетово 9, Струга 3, Велес 2, Битола 11, Охрид 3, Гостивар 10, Радовиш 7, Кочани 1, Пробиштип 2, Демир Хисар 3,  Свети Николе 27 и Кичево 1.

Починати се 4 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица.
– Скопје 71, Штип 7, Тетово 12, Велес 1, Битола 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Кичево 1 и Ресен 2.

Досега во земјата се направени вкупно 80.774 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.530, бројката на оздравени пациенти е 4.565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.572.

More from ВестиMore posts in Вести »