Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево со умерена облачност со дожд, за викендов облачно и нестабилно време

Денес, петок, 17 јули, времето во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне ќе има локален дожд и ретки грмежи. УВ=8. Температурата во Битола ќе биде до 27°С.

За утре, сабота, 18 јули, во Битола, времето според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде променливо облачно и нестабилно, со моќности за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и појава на град. УВ=7. Температурата ќе се намали и во Битола ќе биде до 25°С.

Метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи за викендов предвидуваат дека во недела ќе има услови за локална нестабилност со послаб интензитет ќе има и во посебно во недела попладне, а од понеделник следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура.

More from ВестиMore posts in Вести »