Во последните 24 часа се направени 1.700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на ковид-19, во Битола тројца новозаболени, а е регистриран и еден оздравен пациент.
По градови Скопје 73, Куманово 10, Дебар 1, Штип 60, Прилеп 5, Тетово 32, Струга 3, Велес 1, Битола 3, Охрид 2, Гостивар 14, Гевгелија 6, Струмица 4, Крива Паланка 3, Радовиш 3, Крушево 1, Кочани 8, Пробиштип 1, Демир Хисар 2, Виница 1, Кратово 1, Свети Николе 5, Кичево 2.
Починати се 8 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица. Скопје 40, Битола 1, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Кичево 1 и Ресен 7.
Досега во земјата се направени вкупно 84.916 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.026, бројката на оздравени пациенти е 4.727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.885.






