Во последните 24 часа се направени 904 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 57, Куманово 4, Штип 13, Тетово 6, Струга 10, Охрид-7, Кавадарци 1, Гостивар 8, Пробиштип 2, Демир Хисар 1, Кратово 2, Свети Николе 12 и Кичево 4.
Починати се 8 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица од: Скопје 35, Штип 8, Тетово 33, Велес 1, Гостивар 5 и Пехчево 1.
Досега во земјата се направени вкупно 85.820 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.153, бројката на оздравени пациенти е 4.810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.921.






