Европската ракометна федерација ги одреди правилата пред ждрепката за квалификациите за Лига Европа во сезоната 2020/21, а според нив Еурофарм Пелистер од Битола, нема да учествува во нив.
Македонија ќе има три претставника во ова натпреварување, а само Еурофарм Пелистер од Битола директно ќе се најде во групната фаза, а таква повластена улога ќе имаат уште Адемар Леон, Ним, Магдебург, Татабања, Висла Плоцк, Динамо Букурешт, Чеховски Медведи, Кадетен Шафхаузен, Татран Прешов, Алингсас и Бешикташ.
Ова е уште еден голем чекор напред за клубот од Битола кој во претходните две сезони играше и се докажа во групната фаза на ЕХФ Купот и на Лигата на шампионите.






